Данскиот ракометен клуб Алборг покажува решителност да се вмеша во потесниот круг на екипи, кои се борат за европскиот ракометен трон, доведувајќи звучни ракометни имиња во екипата.
Дека Алборг има сериозни намери говори ангажманот на најголемата ракометна ѕвезда во Данска, Микел Хансен и првата виолина во селекцијата на Исланд, Арон Палмарсон. Хансен во Алборг ќе се пресели од ПСЖ додека Палмарсон од Барселона.
Наскоро се очекува да промовираат дополнителни засилувања и комплетниот проект, кој дефинитивно ќе внесе нова енергија и свежина во европскиот ракомет.
OhridNews