Албино ежот по име Снегулка би ставен на диета. Стигнал во една ветеринарна клиника во Бакингемшир со само 1,5 килограми. Просечниот еж тежи околу половина килограм. Ветеринарите веруваат дека се здебелил од кучешката храна која луѓето ја оставаат надвор за да ги нахранат своите миленици.
Сега јаде нискокалорични бисквити кои се користат за хранење на мачки. Исто така плива во џакузи кое го донирала една телевизиска водителка. До сега изгубил 38 грама. Познато е дека ежовите можат да јадат се додека не пукнат.