Албанците не прифаќаат јазични смени во „Нико Нестор“?!
10.02.09 07:04
Родителите на учениците албанци, неофицијално, ја отфрлиле одлуката на Министерството за образование за воведување две посебни јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Тоа како што дознаваме од сеуште непотврдени извори било одлучено на синоќешниот состанок на кој присуствувале и професорите албанци. На средбата било одлучено учениците да продолжат со настава во заеднички смени.
Како ќе се рефлектира оваа одлука на родителите албанци и дали ќе може да биде спроведена останува да се види веќе денеска.
Наспроти ставот на родителите и професорите албанци, Министертвото за образование ја уверува јавноста дека воведувањето јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“ е времена мерка која треба да придонесе за надминување на состојбите кои во училиштето се присутни подолго време. Во соопштението до јавност МОН ја дообјаснува вчера донесената одлука:
„Потребно е систематски и сеопфатно да се пристапи кон нараснатите тензии меѓу учениците во овие училишта. Министерството за образование и наука е подготвено и понатаму активно да посредува и да се ангажира во изнаоѓањето на заедничко решение. На барање на училишните одбори, Министерството за образование и наука даде согласност за осуммина редари и позитивно одговори за поставување на видеонадзор. Од досегашните разговори со сите горенаведени релевантни структури, како заедничко прифатливо гледиште се нуди воведување на времени јазични смени. Тоа ќе претставува привремена мерка до изнаоѓање на долгорочно решение што ќе овозможи безбедна настава во услови на изградена доверба помеѓу учениците од различните етнички и култури заедници.
Министерството за образование и наука истакнува дека во настанатата конфликтна ситуација добросостојбата на учениците, без оглед на кој етничка група и припаѓаат, треба да е императив и не треба да се искористува за манипулација и придобивање на политички поени“, стои во соопштението на МОН.
На Клиниката за ортопедија во Скопје изминатиов период извршени се две трансплантаци со коски од починати дарители Едната трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформит...
Ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А43-семејни куќи з...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервјуто за Алсат ТВ ги презентираше клучните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја потребата од повисоки стандарди и ефикасност ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.