Актуелниот шампион во Првата лига, Шкендија назначи албански фудбалски стручњак за нов тренер во сениорската екипа. Предводник на тетовските „црвено црни“ ќе биде Ернест Ѓока.
49-годишниот стратег ќе го наследи Ќатип Османи кој беше сменет поради лошите резултати во европските квалификации а потоа и во националниот шампионат.
- Подготвен сум за предизвикот, сакам да бидеме шампиони, да играме во Лига Европа, зошто да не и во Лигата на шампионите. – изјави за клупскиот сајт Ѓока.
Новиот шеф на Шкендија во минатото ги предводел албанските екипи Кукс, Влазнија, Скадар, Фљамуртари и Томори. Со Кукс го освоил првенството и Купот на Албанија.
OhridNews