Албанската државна електро корпорација, КЕШ, обезбеди електрична енергија за една седмица, до 18 септември, во вредност од 28,9 милиони евра.
Според податоците од тендерот, набавено е количество од 58.660 Mwh по просечна цена од 494,20 евра.
Во изминатите осум месеци за задоволување на потребите компанијата увезла струја во вредност од 305 милиони евра, наспроти 285 милиони евра за цела 2021 година. Само за првите денови од овој месец набавила струја во вредност од околу 60 милиони евра.За задоволување на потребите до крајот на годинава Албанија планира да потроши 500 милиони евра.
Владата подготви пакет за справување со енергетската криза и од први октомври сите семејства кои ќе потрошат над 800 киловат часови месечно ќе плаќаат поскапа струја. Министерството, исто така, почна широка кампања за покревање на свеста за заштеда на енергија.
OhridNews