На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26).
Tој претходно во водите на Охридското Eзеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов, информираат од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година.
OhridNews