Како што информираат од министерството за внатрешни работи,на граничниот премин Свети Наум на влез во Македонија приведен е 31- годишен државјанин на Албанија поради постоење основи на сомнение дека неговата патна исправа и возачката дозвола се фалсификувани.

Против истиот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а од страна на Основен Суд-Охрид одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

OhridNews