Во саботата во 1:40 часот на ГП „Аеродром“-Охрид со авионот на „Адрија“ преку Париз-Љубљана допатувал Лизандер С.(1976) од Албанија. При увид во патната исправа констатирано е дека Лизандер нема влезно-излезна виза издадена од наше ДКП во странство, поради што не му е дозволен влез во Македонија и му било укажано дека во 5:40 часот со истиот авион ќе биде вратен назад во Љубљана, по што истиот почнал дрско и непристојно да се однесува и да ги омаловажува службените лица од пасошката контрола со зборовите: „Вие не сте луѓе, вие сте животни, ова е интернационален аеродром, не е ваша територија, можам овде што сакам да правам“, а потоа кога требало да го чекира багажот пружал пасивен отпор фаќајќи се за куферите и се оглушувал на наредбите издадени од службените лица.


инцидент на охридскиот аеродром

Во 5:40 часот Лизандер одбил да се качи на авионот за Љубљана, по што е задржан во Полициска станица, а потоа е предаден на ОСЛ од Регионалниот центар-Запад за понатамошна постапка. Околу 15:00 часот од страна на Основен суд-Охрид на Лизандер С. изречена му е парична казна од 1.100 евра, а од СВР-Охрид изречена му е мерка „забрана за влез во РМ“ во траење од пет години, по што во 15:30 часот е спроведен до Граничниот премин „Ќафасан“, соопшти МВР.