СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.К., државјанин на Р Албанија за сторено кривично дело „криумчарење“.
На 05.10.2009 година, во 23,40 во близина на комплексот „Свети Наум“ при контрола на ПМВ „мерцедес“ управувано од пријавениот се пронајдени 40 вреќи од по 20 кг кафе без соодветна документација. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Ohridnews
извор: МВР