Секторот за внатрешни работи- Охрид против две лица државјани на Република Албанија, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „тешка кражба“, на штета на повеќе жители од селото Љубаништа.

На ден 30.05.2010 година, во попладневните часови, албанските државјани, без патни исправи, илегално ја преминале Македонско-Албанската државна граница со намера во селото Љубаништа да вршат кражби. При обидот за кражба, биле затекнати од Граничната Полиција и приведени во СВР- Охрид.

На лицата Г.Ц.(24) и А.О.(18) од Поградец-  Република Албанија, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавените, заедно со уште четири други лица, во текот на месец април оваа година, во повеќе наврати, по илегалниот влез во Република Македонија, со хебла и казма, провалувале во куќи во Љубаништа, од каде противправно одземале покуќнина, огнено оружје, патни исправи, пари, бела техника и други вредни предмети. Одземените предмети, тие ги продавале во Албанија со што се стекнувале со против-правна имотна корист.  

Се преземаат натамошни мерки за потврда на   оперативни сознанија и основани сомненија дека оваа  криминална група,  има извршено и други кражби на  вредни предмети од  пограничното село Љубаништа.

извор: СВР- Охрид
Ohridnews