На Граничниот премин Аеродром „Свети Апостол Павле“ Охрид, вчера, на излез од Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, лишено е од слобода 24-годишно лице Албанија. Како што информираат од МВР, пријавениот приложил грчка лична карта.

Заедно со одземените предмети лицето е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.

OhridNews