На Граничен премин Ќафасан, вчера, 36-годишен државјанин на Република Албанија, при влез во нашата земја, употребил грчка возачка дозвола, во чија оригиналност се посомневале полициските службеници.

Во консултација со Основното јавно обвинителство Струга и извршеното криминалистичко-техничко вештачење на спорната возачка дозвола, утврдено е дека истата е фалсификувана. – соопшти СВР Охрид.

Против албанскиот државјанин до ОЈО Струга е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка при Основен суд Струга му одреди мерка притвор.

OhridNews