На 10.04.2022 околу 15.00 часот во близина на караула Радожда, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ го лишиле од слобода 48 годишниот Ј.Б. од Република Албанија поради нелегален влез во државата, информираат од МВР.
Во наведеното време, откако ги забележал полициските службениици, скокнал во Охридското езеро и се обидел пливајќи да побегне, но набргу бил фатен и приведен. Притоа, полициски службеници испукале неколку куршуми во воздух како предупредување. При преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. Тој бил предаден во Полициската станица за граничен надзор Франгово, и од инспектор од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад изречена му е мерка „Забрана за влез во Република Северна Македонија“, велат од МВР.
Инаку, додаваат од МВР, на 01.12.2019 година Ј.Б. бил фатен над с.Радожда како со пловен објект врши кривично дело „незаконит риболов“.
OhridNews