Вчера во 10:00 часот во Охрид од полициски службеници бил лишен од слобода 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради нелегален премин на државната граница.

По извршените проверки било утврдено дека има и активна забрана за влез во Македонија.

Лицето е предадено на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка, информира МВР.

OhridNews