На 08.09.2022 во 13.30 часот на место викано „Борови“, во близина на албанско-македонската граница од полициски службеници од Полициска станица Франгово приведен e  44-годишно лице од Р.Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека границата ја преминал на илегален начин.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија-Струга за понатамошна постапка. – информира МВР.

OhridNews