Вчера во 11.30 часот во близина на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај место викано „Колиби 2“, полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана. Во нивна близина бил затекнат A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија.
А.Џ. е лишен од слобода, а Регионалниот центар за гранични работи Запад против него поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
OhridNews
Фото: Архива