Албанската полиција во вторникот попладне го приведе македонскиот државјанин В.Т. од струшкото село Калишта, откако при претрес на неговото возило на граничниот премин „Ќафасан“ кај него бил пронајден пиштол.
Според медиумите во Тирана, кои се повикуваат на полициски извори, пиштолот е од типот „Валтер“, а бил пронајден под неговото седиште.