Албанската полиција ја зголемила контролата на граничниот премин Ќафасан во потрага по убијците на пратеникот од опозиционата Социјалистичка партија, Фатмир Џинди, за кои се претпоставува дека би можеле да се обидат да ја напуштат земјата.

За разлика од албанската, на македонската страна од најпрометниот премин на западната граница, не се воведени никакви посебни мерки. Македонската гранична полиција ја следи ситуацијата, но контролата на влез и излез на патници и возила на Ќафасан се одвива редовно, а слична е состојбата и во поширокиот граничен појас.

Пратеникот Фатмир Џинди (49), во саботата беше застрелан од автоматско оружје додека го паркирал автомобилот во дворот на неговата куќа во градот Рошковец на 100 километри југозападно од Тирана.

Ohridnews