Соседна Албанијасе соочува со сериозни проблеми поради обилните врнежи од дожд, поради кои најголем дел од државата е под вода. Според медиумите, единствен град каде нема поплави е градот Корча. Поради состојбата, денес, во училиштата на целата териорија на Албанија нема да се одржува настава.
Дел од населението е евакуирано, на многу патни правци не се одвива сообраќајот, во поширокото подрачје на околијата Пешкопеја и Скадар има и појава на одрони од камен и земја. Над 150 илјади домаќинства се без електрична енергија.
OhridNews