Албанија планира да инвестира многу пари во туризмот, а особено во развојот на секторот на Охридското Езеро, пишуваат весниците во Тирана, пренесува „Дневник“. Весникот „Шекули“ го цитира премиерот Сали Бериша, кој најави дека со инвестиции поголеми од 800 милиони евра Поградец и албанскиот брег на Охридското Езеро ќе прераснат во атрактивен туристички центар.

– Средствата ќе се суфинансираат и од Германија, навел премиерот.

Туристичките објекти се вклучени во програмата „Еколошко зачувување на Охридското Езеро“, според која канализацискиот систем на Поградец ќе се гради според европски стандарди, соопштил Бериша. Германскиот амбасадор во Тирана изјавил дека Албанија има свој придонес во стабилноста на регионот. Желбата ни е да ја видиме Албанија поблиска до Европската Унија, преку проширување на нејзината инфраструктура, изјавил амбасадорот.

ивор: „Дневник“

Ohridnews