Охриѓанецот Дејан Лескароски е уште еден фудбалер што на печалба заминува во Албанија. Лескароски потекнува од охридската фудбалска школа, а три и пол години беше дел од тимот на Силекс, од Кратово.
По краткиот престој што го имаше во Охрид, ја менува средината и заминува во албанскиот суперлигаш „Скендер-бег“ од Корча. Играчот од одбраната во првиот дел од сезоната одигра 8 натпревари и постигна еден гол. За него ова е прво интернационално искуство.
– Одлично сум примен во тимот и очекувам да успееме да избориме опстанок во најсилната лига во Албанија – рече Лескароски.
Скендербег кој е дебитант во најелтиното друштво, по првиот дел од сезоната има 15 бода,а во првото коло од шампионатот кој продолжува викендов играа против Кастриоти.
Покрај Лескароски, во Албанија за различни клубови играа уште Јакимоски, Трајаноски, а најпознатиот од сите Ѓорески се’ уште е во Алабанија и игра за тимот на Шкумбини.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com