Во одлични услови покрај Охридското Езеро, младинските репрезентативци ги завршија мини- подготвките за пријателскиот натпревар против соодветната селекцција на Албанија на 6-ти февруари. Експедицијата на Јонуз денес од Охрид  заминува за Албанија. На тренинзите на репрезентацијата присутни 17 фудбалери кои треба да одговорат на барањата на селекторот.
 
 – Ваквите подготовки се добродојдени за младите играчи. Ова не е баш најидеален момент за играње на пријателски натпревари биејќи поголемиот дел од репрезентативците се наоѓаат на подготовки со своите екипи. Со „домашни” сили ќе се спротиставиме на западниот сосед – вели  Мирсад Јонуз, селектор на репрезентација на играчи до 21година.
 
На табелата во групата води Европскиот првак Холандија со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари. На второто и третото место се Швајцарија и Норвешка со по седум освоени бода, а последна е репрезентацијата на Естонија без освоени бодови.  До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште три натпревари. Против Швајцарија на  26 март, потоа гостуваме на Естонија на 20 август и последниот натпревар во групата ќе го играме во Норвешка на 10 септември.
 
–  Имаме одличен распоред до крајот на квалификациите. Со победа над Швајцарија ќе се замешаме во борбата за првите три места. За мечот со Швајцарија очекувам да ги имаме сите расположиви играчи, а тука се мисли и на Иван Тричковски кој има право да настаува за “младите” – додава Јонуз
                       


ќе ги гледаме само на подготовки – репрезентативците на Македонија до 21 г.

Како домаќин за наредниот квалификациски натпревар се споменува Куманово. За жал Охрид и стадионот „Билјaнини извори“  не можат да бидат домаќини на квалификациски натпревари.


одлични услови, слаба инфраструктура – стручниот штаб на “младите“

– Навистина ми е жал што стадионот „Билјани Извори“ не ги исполнува условите за квалификациски натпревари. Охрид како град го засулужува тоа, но треба градските татковци и луѓето кои го водат фудбалот повеќе да да се за ангажираат – завршува Јонуз.

Отпадна Мицески, Лазевски потешко повреден ! !
 
Не стигнуваат позитивни информации во кампот во Охрид за селекторот Јонуз. На вироза се пожали Љупчо Мицески од битолски Пелистер кој е ослободен од обврските. На негово место нема да се повикува нов играч, што значи дека нашата експедиција ќе брои 17 члена.
 
Од таборот на белградски Партизан, стигна информација за повреда на стапалото на Лазевски, повреда која ќе го оддалечи подолго време од терените. Доста веројатно е дека Јонуз нема да може да смета на Лазевски за престојниот квалификациски дуел со Швајцарија.

[email protected]