Република Албанија ќе аплицира во УНЕСКО со албанскиот дел од Охридското Езеро. Ова денеска го најави албанскиот министер за животна средина, Луфтер Џувели по заедничката средба со својот колега, македонскиот министер, Неџати Јакупи.


 „ Со посебен акцет денеска дискутиравме и албанскиот дел од езерото да се приклучи кои УНЕСКО и  планираме да аплицираме кон крајот на седмицава“, изјави министерот за животна средина на Албанија, Луфтер Џувели.
Македонија, како што рече Неџати Јакупи ќе ја поддржи апликацијата на соседната држава во техничкиот дел, но и во официјалниот.


На денешната средба за Секретаријатот за заштита на Охридското Езеро двете страни се усогласиле да ги ревидираат и договорите за соработка кои се веќе застарени, а дошле до заклучок дека Албанија успешно се справува со намалувањето на рибниот фонд.
 
Албанскиот министер Џувели, на новинарско прашање зошто во Албанија се продава пастрмка на секој чекор, на патот Поградец-Корча, беше дециден оти рибата не е уловена во Охридското Езеро, туку потекнува од вештачки мрестилишта.

А.Р.