Во идниот период, Албанија и Косовo ќе имаат заеднички учебници по историја и албански јазик и литература, јавува МИА.
За таа цел, според албанскиот министер за образование и наука Муќерем Тафај, формирани се посебни експертски комсии, во кои поканети се и претставниците од Универзитетот во Тетово.
„Наш главен партнер останува Министерството за образование, наука и технологија на Косово. Најпрво ќе започнеме со текстовите за албански јазик и историја, а во комисиите покрај претставници од Универзитетот во Тетово, поканети се и Националниот совет на Албанците од Црна Гора и Прешевската Долина.“ – вели Тафај.
Инаку, од минатата учебна година првачината во Албанија и Кoсово учат од идентичен буквар.
OhridNews