Локалитетот „Плаошник„ во Охрид се најде на листата на туристички атракции на соседен Поградец кои се нудат на официјалниот албански веб портал за туризам  www.united-albania.com. 

Имено, на порталот www.united-albania.com,  на левиот долен агол има опција да се пребараат туристички понуди на девет градови, меѓу кои и Поградец. Доколку ја изберете таа страница ги добивате генералните информации за Поградец, каде се наоѓа, краток опис на културно-историското и археолошка богатство, клима… Под текстот пишува дека податоците се земени од Албанскиот институт за туризам и развој на животната средина.

Веќе на следниот чекор, имате понуда да ја изберете опцијата што да посетите, а на Препораки – фотографијата на Плаошник и до неа текст “да посетите четири споменици на културата од петтиот, односно третиот век пред нашата ера како што се Илирската тврдина од регионот Десарет; туристичката дестинација Дрилони; Палатата на културата и остатоците од Илирски замок познат по колоритниот мозаик.

Информацијата денеска ја објави дневниот весник „Вечер“. Еве што пишува на албанскиот портал:

„Pogradeci: What to visit

Recommended places to visit

The Illyrian settlement of the 5th century B.G., belonging to the region of Desaret and perhaps Enkelana, in the hill rising Northwest above the town.

The Tourist Resort of Driloni, 5 km away from the town, which beauty and natural surroundings will leave you breathless. There the decorative trees and plants are full in harmony with water springs, characteristic bridges and three bars and restaurants offering typical local dishes.

During your stay have a look at the Exhibition Hall of Fine Arts at the palace of the Culture.

Recommend is also a visit to the ruins of an Illyrian settlement and a christian basilica of the 5* century with colourful mosaics in Lini Village as well as four monumental graves of the 3rd century B.C. engraved on a rock in the village of Selca e Poshteme , which is thought to be Pelion , the living place of Illyrian King Klit.

www.united-albania.com/pogradeci-what-to-visit.html

Доколку ја посетите споменатата страна која последен  пат е ажурирана во 2005 година, ќе прочитате дека како понуда стои и посета на древниот илирски град „Енгелана“ кој бил изграден во 5-от век пред нашата ера. За потсетување се работи за древно-античкиот град Енгелана кој се наоѓа над базиликата кај локалитетот Св. Еразмо во Охрид, место познато во народот како „Киклопски ѕидини“. Тој град според археологот Паско Кузман најверојатно го изградил Филип Втори, таткото на Александар Македонски, како стратешко одбрамбено место на македонската држава. Овој локалитет како што најави неодамна Кузман детално ќе се истражува со што ќе се потврдат претпоставките односно ќе се дојде до релевантни податоци за тој простор.

Употребата на археолошки локалитети во Охрид за туристичка промоција на соседен Поградец во најмала рака е некоректно направена. Тоа би било во ред доколку во понудата  е наведено дека во близина на овој град од другата страна на Охридското Езеро е градот Охрид каде можат да се посетат споменатите археолошки локалитети, што во случајов не е направено.

Горан Момироски