Во текот на оваа година во Албанија ќе бидат отворени досиејата на албанските политичари кои соработувале со странските служби, а посебно со југословенската УДБА, американската ЦИА и руската КГБ. Отворањето на досиејата на албанската тајна служба, како што соопштија властите во Тирана, е со цел едукација на граѓаните, како и користење на податоците за студиски активности.

Активноста, според албанските медиуми, ќе ја реализира Комисија за отворање на досиејата на Сигурими заедно со Државниот архив. Надлежните објаснуваат дека со отворањето на досиејата на Сигурими јавноста ќе се запознае и со профилот на лицата кои соработувале со странските служби во времето на комунистичка Албанија.

Медиумите информираат дека експертот за тајни служби, Луан Побрати, кој повеќе години работел во албанската тајна служба Сигурими, соопштил дека југословенската тајна служба УДБА имала бројни соработници во Албанија. Весникот, Shqiptarja .com, пишува дека многу досија на Сигурими се уништени за време на владеењето во Албанија со стартот на плурализмот на Демократската партија.

Во уништувањето на досијата биле вклучени раководители во тогашните институции во  90-тите години.

OhridNews

Макфакс