Република Албанија ќе изврши осовременување на граничниот премин “Тушемиште“ кај Св. Наум. Покрај овој Албанија ќе го модернизира и преминот „Горица“ кај Стење.

Осовремувањето ќе се врши со средства од Европската комисија. За преминот кај Св. Наум инвестицијата е вредна 492.000 евра. Со неа се предвидува старите и дотраени монтажни бараки и киосци, во кои беа сместени царинските и полициски работници, да бидат заменети со нови објекти и потребната инфрастрктура.

За модернизација на преминот Горица кај Стење ќе се инвестираат 560 000 евра.

Се очекува со осовременување на граничните премини од албанска страна да се подобри протокот на луѓе и добра преку „Тупемиште“ и „Горица“.

Ohridnews