Според албанскиот министер за енерегетика, Дритан Прифти, ваквата мерка позитивно ќе влијае на намалување на поплавите во Албанија.
Министерот за надворешни работи на Албанија, Илир Мета, деновиве остварил средба со странскиот дипломатски кор во Тирана, на која присуствуваа и преставници од македонската амбасада. Тие биле информирани за најновата состојба со поплавите во Албанија, а од нив биле побарани и совети за надминување на состојбата.
Хидролошката состојба на Охридското Езеро во моментов е добра, а нивото е високо над минималната кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина. Од испустите на реката Дрим во Струга во зависност од хидролошката состојба на езерото се испушта определена количина вода за потребите на електросистемите на Македонија и Албанија, која сега бара да се намали истекот на вода од Охридското Езеро.