Женската фудбалска репрезентација на Македонија го изгуби првиот од двата контролни натпревари со селекцијата на Албанија. Избраничките на селекторот Кирил Изов изгубија 3-1 иако први постигнаа погодок.

Водство за нашата селекцијата донесе стружанката Јилза Максути, која прецизно стрелаше во 12-та минута. Албанките резултатот го израмнија во 36-та минута преку Гјина. Во 76-та минута домашната селекција поведе со погодокот на Дочи а конечниот резултатот го постави Бајрактари со голот во 80-та минута.

Шанса за реванш и победа после подолго време, македонската селекција ќе има в недела на дуелот кој ќе се одигра во Охрид. Мечот започнува во 17 часот.

OhridNews