Глобалната анкета спроведена во 75 земји покажала дека високи 80 проценти од луѓето се многу загрижени за климатските промени, 18,96 % доста загрижени, а само 1,65 отсто одговориле дека не се загрижени за климатските промени, јавуваат светските агенции.

Загриженоста на јавноста треба да ги поттикне државите конечно да ги усогласат ставовите по прашањето на климатските промени, а голема надеж се полага во светскиот самит посветен на оваа тема, што подоцна оваа година ќе се одржи во Париз, Франција. 

Климатските промени ќе бидат тема и на Втората меѓународна конференција што во организација на Милиеуконтакт Македонија и УСАИД денеска и утре ќе се одржи во Охрид.

OhridNews