Португалскиот ас Кристијано Роналдо поради повреда на задната ложа ќе паузира од две до три недели соопштуваат од кралскиот клуб. Роналдо повредата ја заработи на натпреварот со Малага, по што не одигра еден натпревар за “кралевите“ а беше во составот за дуелите со Лион во Лигата на Шампиони и во градското дерби со Атлетико Мадрид во кое беше и заменет.


Најскапиот фудбалер на денешницата ќе ги пропушти натпреварите со Чиле пријателска и со Финска во квалифакациите за ЕП додека настапот на Роналдо во Лигата на Шампиони со Тотенхем е доведен по знак прашалник.

ohridnews