Охридското Езеро денеска ја достигна нултата точка, откако нивото на езерото се спушти на минималната кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина, само 7 сантиметри од критичниот минимум.

Поради сушната година нивото на Охридското Езеро е во постојано опаѓање, а само во септември водата се спуштила за 9 сантиметри. Научните работници стравуваат дека поради неповолната хидролошка состојба нивото на Охридскто Езеро ќе продолжи да паѓа што според нив ќе предизвика сериозни последици не само врз екосистемоттуку и на поширокото крајбрежје.


Нивото на Охридското Езеро продолжува да опаѓа

Испустите на Црн дрим се затворени и таму протекуват само 7 метри кубни вода во секунда соопшти ЕЛЕМ. Најниската точка до која е дозволено испуштање на водата од Охридското Езеро се наоѓа на 693,10 метри надморска височина што значи дека доколку нивото на Охридското Езеро падне под оваа кота ќе запре и испуштањето на водата во Црн Дрим.

Според научните работници Охридското Езеро е на раб на еколошка катастрофа, а доколку се повтори минатогодишната зима без врнежи од снег, таа не ќе може да биде одбегната. Во уште полоша состојба се наоѓа Препанското Езеро чија вода понира во Охридското , поради што нивото на ова езеро дневно се намалува за 1 до 2 сантиметри.

Поради ваквата неповолна хидролошка состојба, експертите од Хидробиолошкиот инстиутут препорачуваат  да не се испушта водатата од Охридскто Езеро за потребите на хидросистемите во Македонија и Албанија која оваа година се соочува со најголемата енергетска криза во историјата.

Г. Момироски