– Две од мачињата се спасени со брза интервенција на ветеринарен лекар но повеќето од милениците умреле во најстрашни маки, вели М-р Оливер Димитров, кој не информираше за немилиот настан.
Делото е пријавено и во СВР- Охрид, каде е направен и записник и е ветено дека ќе се трага по извршителот на овој гнасен чин.
Жителите исконтактирале со ЈП „Охридски Комуналец“ од каде, како што велат тие, негирале секаква одговорност, а биле забележани и други мртви мачиња и во близина на црквата Св.Софија.
Граѓаните од ветеринарот кој бил повикан да интервенира биле информирани дека мачињата се отруени со отров „Ланате“, кој е забранет за користење низ цела Европа и САД поради неговата токсичност за луѓето и околината. Отровот е расфрлан низ целата улица по која постојано минуваат луѓе, а најповеќе деца кои што учат во ОУ „Св. Климент Охридски“.
-Зарем мора да биде затруен некој жител или некое од децата за да се превземе нешто од надлежните институции. Зарем децата кои постојано играат во снегот треба да платат заради несовесноста и мизеријата на некој се болен ум? – прашуваат граѓаните.