Поминаа осум години откако во автокампот „Љубаништа“ се одржа големиот летен фестивал на отворено наречен „Аларм“, а деновиве сé погласни се најавите дека истиот ќе се рестартира.

Според информациите кои кружат на глобалната интернет мрежа  тој би се одржал од 25 до 27 јуни и би бил именуван како „Аларм за природата“, а на своите мај спејс профили своите настапи ги потврдиле „Суперхикс“,  како и  и охридскиот состав „АТРИОХМ“.


Во 2002 година, како организатор на музичкиот фестивал „Аларм“ беше потпишан „Литиум рекордс“, кој од тогаш, па сé до денес во неколку наврати се обиде да го реобнови фестивалот, но без успех. Фестивалот „Аларм“, кој во 2002 година се одржа во автокампот „Љубаништа“ беше еден од поголемите музички настани по осамостојувањето на Македонија.

Ohridnews