Македонската младина расте нездраво, има лоши навики и ризично се однесува, покажале резултатите од истражување на Републичкиот завод за здравствена заштита – РЗЗЗ.

Анкетата што врз околу 2.100 ученици била извршена во текот на 2007-ма и 2008-ма година покажала дека речиси девет отсто од учениците сериозно размислувале да извршат самоубиство во текот на изминатите 12 месеци, 1,8 отсто од нив на возраст од 13 до 15 години употребиле дрога еднаш или повеќе пати во текот на животот, 39,4 отсто консумирале алкохолен пијалок во текот на еден или повеќе денови изминатите 30 дена, 14,1 отсто пушеле цигари во текот на еден или повеќе денови,  а 11,9 отсто имале сексуални односи,

Резултатите од глобалното истражување за здравјето на адолесцентите во Македонија покажале дека 37,3 отсто од учениците никогаш или ретко биле проверувани од нивните родители или старатели дали ги завршиле домашните задачи, а 19,8 отсто се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко знаеле што прават нивните деца во слободното време.

Над 31 отсто од учениците биле сериозно повредени еднаш или повеќе пати во текот на изминатите 12 месеци, четири отсто од нив никогаш не употребиле или ретко употребиле сапун при миење на рацете во последниот месец, 14 отсто се изложени на ризик од прекумерна телесна маса, а 15,7 отсто од учениците биле физички активни во текот на сите 7 дена во неделата.

Истражувањето покажало и дека употребата на алкохолот во државата е повисока во однос на другите земји.

ohridnews