Триесетишест-годишната канадска пејачка, композиторка, актерка и продуцент Аланис Морисет и нејзиниот сопруг, раперот Марио Тредвеј (познат како MC Souleye) на 25-ти декември добиле син, објави во понеделникот Associated Press кое се информација добиена преку е-маилот на Морисет.


„Сите одлично се чувствуваме и сме многу среќни“, се наведува според агенцијата во пораката од Аланис Морисет, без да се наведуваат други податоци освен името на синот – Евер Имре Морисет-Тредвеј.

Морисет е седмократна добитничка на наградата Греми, добитник е и на Златен глобус за саундтракот на првиот филм од серијата „Приказните на Нарнија“  – „Лавот, вештерката и висечкиот ормар“.


Морисет долго време беше верена за актерот Рајан Рејнолдс, но во 2007 г. официјално го објави раскинувањето на нивната свршувачка. Потоа, Рејнолдс се ожени холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон, но неодамна двојката се разведе.  Морисет со Тредвеј ја почнаа врската во 2009 г. а во брак стапија на 22 мај 2010 г., само седум месеци откако се запознале. Пејачката ја објави бременост во август.

“Извор Макфакс“
Ohridnews