Голема трагедија го потресе турскиот клуб Аланијаспор, откако чешкиот фудбалер Жозев Сурал почина, а шест фудбалери беа задржани во болница после сообраќајката на минибусот кој се преврте и излета од патот.

Аланијаспорт одлучи да му го исплати целиот договор на Сурал, кој несреќно го загуби животот. Исто така клубот ќе го повлече дресот со број 90 кој го носеше Сурал минатите три месеци. Чешкиот фудбалер во Аланијаспор се пресели оваа зима.

Мини бусот кој се преврте и излета од патот приватно бил ангажиран од фудбалерите кои се наоѓале во него. Тие сакале што побрзо да се вратат дома, но место тоа се случи трагедија со човечки загуби.

OhridNews