Рекордерот по бројот на погодоци Алан Ширер и еден од најдобрите интернационалци во англискиот фудбал Тиери Анри се првите фудбалери, кои се примени во Куќата на славните од Премиер лигата.
Ширер, кој е поранешен фудбалер на Блекбурн и Њукасл се уште го држи првото место на вечната голгетерска листа. Англиската легенда во 441 натпревари одиграни во 14 сезони постигна 260 погодоци. Затоа изборот на Ширер е логичен и очекуван. Што се однесува за Анри. Французинот беше еден од фудбалери кој имаше голема улога во промоцијата на англиската Премиер лига на светско ниво. Покрај таквата улога, Анри, имаше маестрален учинок во дресот на Арсенал. „Топчиите“ со Анри во составот освоија две титули, а една од нив е без пораз во текот на цела сезона.
Друштво на Ширер и Анри во Куќата на славните ќе му прават уште шест фудбалери, кои ќе бидат одбрани и презентирани во живо на телевизијата Скај Спорт.
OhridNews