Паузата во фудбалот и спортот поради пандемијата на коронавирусот им остави повеќе простор на новинарите да прочепкаат по минатото од славните фудбалери. Во низата фудбалери англичаните го одбраа Алан Ширер. Најдобриот стрелец во англискиот фудбал Ширер откри како преговарал со Њукалс и Манчестер Јунајтед, сезоната после освојувањето на титулата со Блекбурн и како завршил на Сент Џејмс Парк место на Олд Трафорд.
Верувале или не, во ист ден преговарав со Кевин Киген и Сир Алекс Фергусон во мојата куќа. Прво зборвував со Киген и разговорот помина многу позитивно. Потоа дојде Фергусон. Одма ме праша дали се видел со некој друг денеска. Јас не го излажав и му кажав дека беше тука Киген. Тој разочарано одговори дека џабе ќе преговараме. Но направивме муабет и бев импресиониран од неговата визија. Во завршниот дел од преговорите го прашав Фергусон ако дојдам што ќе правиме со пеналите кој ќе ги изведува. Фергусон отсечно ми врати и ми рече дека таа задача ја има Ерик Кантона. Преговорите после оваа реченица не беа исти и завршив во Њукасл прифаќајќија понудата од Киген. – изјави Ширер.
Ширер во десетгодишната кариера во Њукасл не освои ниту еден трофеј наспроти Кантона кој долги години беше алфа и омега на Олд Трафорди и се закити со десеттина титули од сите натпреварувања.
OhridNews