Жоан Лапорта ќе има полни раце работа во Барселона, откако победи и се врати на претседателското место во клубот од „Ноу Камп“.

Прв и најголем предизвик за Лапорта ќе биде убедувањето на Лионел Меси за продолжување на соработката со каталонците. За иднината на Меси (ќе) одлучуваат повеќе фактори, а еден од нив е активноста на трансфер пазарот во летниот преоден рок.

Лапорта ги пикирил првите две засилувања со кои ќе го започне процесот на освежување на Барселона. Тие се Давид Алаба и Серхио Агуеро. Двајцата во летниот преоден рок се слободни фудбалери, но каталонците ќе треба да го одврзат ќесето и да дадат високи плати.

Со евентуален ангажман на Алаба и Агуеро, Барселона ќе испрати силна порака до конкурентите, а тоа може да значи пресврт во случајот Меси, кој како слободен фудбалер може без оштета да го напушти клубот.

OhridNews