Славниот актер Ал Пачино е виден на аеродромот ЏФК во Њујорк во друштво на својата девојка Лусила Сол. Актерот кој има 74 години не ја симнувал насмевката од лицето додека минувале низ аеродромот, а се чини дека обајцата биле многу добро расположени. Лусила која има 35 години, привлекувала внимание во бела блуза низ која се наѕирал црн градник и тесни пантолони, додека Пачино бил во своето препознатливо лежерно издание.
Актерот ги поздравил присутните фанови кои го дочекале, потпишал неколку автограми, и се фотографирал со нив. Се чини дека на вљубениот пар разликата во годините не му претставува никаков проблем, бидејќи веќе четири години се во среќна врска. Пачино, кој никогаш не се женел, има три деца од претходни врски.