Ал Пачино изјавил дека го нарекуваат најголемиот ерген во Холивуд бидејќи никогаш не застанал пред олтарот, но бил во долги врски. Никогаш не криел дека ужива во друштво на убавите девојки и забавите. Актерот пристигнал на филмскиот фестивал во Венеција. Го промовирал својот филм „Дивата Саломе“, а пристигнал и за да му биде врачена престижната награда Јегер-ЛеКултре за голем придонес во филмската уметност.


Актерот ноќта ја искористил за да се проведе на забава во хотелот „Центурион“, која била организирана во негова чест. Многубројните млади убавици кои биле на забавата едвај чекале да се запознаат со актерот. Актерот се забавувал до раните утрински часови. Ниогаш не бил сметан за убавец, но иако имал само 171 сантиметар и иако не го красело убаво лице, многу убави жени не успеале да му одолеат.