Популарниот актер Ал Пачино бил одликуван за допринос во американската култура, а уметничкото одликување го примил лично од Барак Обама на свечена церемонија одржана во Белата куќа. Американскиот претседател рекол дека Ал Пачино е филмска икона.

Пачино е најпознат по улогата во триологијата „Кум“. За својата филмска кариера долга повеќе од пет децении освоил бројни филмски награди. Од осум номинации освоил еден Оскар, четири Златни глобуси, а во колекцијата имал и две награди Еми и две награди Тони.