Во време на Ковид криза производителот на софистицирани делови за автомобилската индустрија Костал во Охрид, го зголеми бројот на вработени за две третини. Вака ја почнува сторијата за овој позитивен пример во време на сложена економска криза, познатата телевизиска мрежа Алџезеира Балканс.

Го зголемивме производството во однос на 2019 година затоа што сме компанија во развој и се` уште не сме достигнале оптимална искористеност на капацитетите. Сепак производството беше за повеќе од 20% помало од предвиденото, што значи дека не успеавме да ги исполниме плановите. Но во 2020 вработивме уште 330  лица и стигнавме до 830 вработени. Успешно ги реализиравме новите проекти во време кога во фабриката моравме да водиме грижа за заштитата на вработените од епидемијата. – изјави за Алџезеира генералниот директор на Костал Виктор Мизо.

Поради корона кризата, во 2020 година, автомобилската индустрија во целиот свет бележи пад на производството за повеќе од 20 проценти, а пандемијата е причина за намален извоз на компанииите во ТИРЗ зоните во земјата за околу 8%.

 

Алџезеира го издвои охридски Костал за позитивен пример во време на Ковид криза

OhridNews