Причините за смртта на тројцата пријатели на летната тераса во центарот на Струга е акутен шок покажала обдукцијата што по наредба на истражен судија беше извршена денеска во медицинскиот центар во Струга.

Обдуцискиот наод покажа дека се работи за акутен шок чија причина во моментов не може да се каже и ќе треба да се сочекаат резултатите од дополнителните анализи кои ќе бидат готови за два до три дена, изјави д-р Мирко Лекоски, началник на хируршкото оддление во струшката болница. Тој истакна дека обдуцискиот наод покажал оти нема траги на насилство врз телата на починатите и дека се работи за случајна смрт која настанала засега од непозната причина. Според д-р Лекоски акутен шок може да настане од повеќе причини, но ваков акутен шок со исти последици и исти наоди кај сите три лица може да настане од удар од струја, но за потврда ќе треба да се сочекаат резултатите од дополнителните испитувања.

Д-р Лекоски изрази жалење за смртта на колегите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, со што хируршкото оддление и градот Струга изгубија врвни стручњаци и прекрасни луѓе. Во вчерашната трагедија животот го загуби и Јоско Кувенџиески, вработен во УЈП.

OhridNews