Седмата по ред акција „Засади ја својата иднина“ ќе се случи на 31 март, в четврток. На Денот на дрвото ќе бидат засадени три милиони садници близу до населените места и покрај природните и вештачките езера.


„Во зависност од местата ќе бидат засадени и различни видовите дрва за акцијата да биде успешна. Во градовите тоа ќе бидат декоративните иглолисни дрва, а во излетничките места и покрај езерата ќе бидат засадени листопадни дрва. Бројот на годинешните садници зависеше пред се од временските услови и тоа што нема доволно средства, бидејќи акцијата е на товар на „Македонски шуми“. Владата нема издвоено средства за пролетната акција, но ние сакавме да ја продолжиме традицијата и да не застанеме,“ изјави Љупчо Ивановски, помошник директор на ЈП „Македонски шуми“.

Акцијата повторно ќе биде поддржана од пејачи, актери и други јавни личности од земјава.

OhridNews
извор: Makfaks