Во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни Светскиот ден на животната средина, општина Охрид во соработка со основните училишта, денеска во периодот од 8 до 17 часот, ќе организира акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.

Целта на организирањето на „Неделата на животната средина“ е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина, велат од локалната самоуправа.

Инаку, овој проект го иницираше Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид.

OhridNews