Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид информира дека во петок се организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбата “Стар град”.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” и да ја наведат локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews