При пријавувањето и доброволното предавање на оружјето, нема да се врши идентификација и евиденција на лицата кои доброволно го предале оружјето и против нив нема да биде поведена прекршочна или кривична постапка односно граѓаните сами имаат можност да одлучат дали ваквото оружје ке го предадат во Полициска станица или ке поведат постапка за легализација.-онформираат од СВР Охрид.
Согласно одредбите од Законот за оружје, се врши доброволното предавање на оружјето од А категорија чие набавување е забрането а во кое меѓу другите спаѓаат автоматското и експлозивното оружје, воените ракети, оружје со пригушувач и други. Според истиот закон, се легализира и доброволно се предава оружјето од Б,Ц и Д категорија за кои е потребна потврда односно одобрение за поседување на полуавтоматско, еднострелно и репетирачко оружје, пневматско и оружје со тетива, ладно и оружје за светлосно-звучна сигнализација и други видови. Неговата легализација ке се спроведе доколку со таквото оружје не е извршено некое кривично дело.
Доброволното пријавување на оружјето се врши секоја сабота од 8 до 16 часот, а барањата за легализација се поднесуваат до подрачната едница на МВР во местото на живеење на граѓанинот до 5-ти јуни следната година до кога всушност се спроведува акцијата за легализација на оружјето.