Комуналната инспекција на општина Охрид, превзема акција за отстранување на хаварисани возила од јавните површини на територијата на Охрид. Акцијата ќе биде синхронизирана со Министерството за внатрешни работи-Секторот за внатрешни работи Охрид и Ј.П “Охридски комуналец”.
Сопствениците на овие возила имаат рок до вторник 05 јуни 2007 година самите да ги отстранат. Во спротивно тоа ќе го направи “пајак” службата.
Хаварисаните возила кои подолго време ги узурпираа јавните површини ќе бидат дислоцирани на соодветно место, а за направената евентуална штета нема да сносиме никаква одговорност. После подигањето на возилата, сопствениците ќе можат да ги подигнат, по подмирување на трошоците, соопшти Комунслната инспекција.